Експлозии во Абу Даби пред доаѓањето на Нетанјаху и американски претставници

Фото: EPA-EFE/GALI TIBBON / POOL

Tри лица загинаа, а неколкумина се повредени во две одвоени експлозии во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби и туристичкиот центар Дубаи, соопшти денеска полицијата, која наведува дека експлозиите се поврзани со гас.

Владата на Абу Даби соопшти дека две лица загинале во експлозијата во тој град, која според весникот Нешнл се случила во рестораните КФЦ и Хардис на улицата Рашид бин Саид. Улицата е главната рута до аеродромот, каде слетаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и блиски соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, кои пристигнаа со комерцијален лет од Израел, воспоставен со договорот за нормализирање на односите меѓу ОАЕ и еврејската држава.

Полицијата соопшти дека неколку лица се полесно повредени во инцидентот, а жителите на околните згради биле евакуирани.

Во соопштението од владината канцеларија се вели дека причината за експлозијата е „лошо поврзан контејнер за гас по полнењето”.

Едно лице загина во Дубаи кога експлодирал цилиндер за гас во еден ресторан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот