Експертите велат: Ова храна јадете ја, а оваа избегнувајте ја кога сте болни

Фото: Профимедиа

Кога сте болни или не се чувствувате добро, последното нешто што треба да го направите е да јадете храна која ќе ви ја влоши состојбата. Што треба или не треба да јадете, зависи од тоа како се чувствувате во моментот, тврдат експертите.
„Хелт“ (Health.com) објави ескпертска студија за најчестите симптоми и предлози на храна кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.

Дијареjа

За дијареја (пролив) предизвикана од вирус или од оброк кој не ви годел, обидете се да јадете слатка храна, вели Џејмс Ли, гастроентеролог во болницата „Сент Џозеф“ во Оринџ, Калифорнија.

Најдобра храна: Слатка храна како банани, ориз, сок од јаболко и тост. Нема да погрешите и со овесна каша, варени компири, ѓевреци и варено пилешко или мисиркино бело месо без кожа. Можете да јадете и зеленчуци како моркови и боранија, но задолжително варени.
Најлоша храна: Бонбони и гуми за џвакање без шеќер, како и производи кои содржат сорбитол или други шеќерни алкохоли можат да предизвикаат дијареја кај многу луѓе. Во храна која предизвикува гасови спаѓаат пиперка, грав, брокула, пченка и грашок. Млечни производи, алкохол, кофеин, мрсна и пржена храна, исто така, не се во опција ако имате проблем со дијареја.

Опстипација

Фактори како земање лекови, недоволна физичка активност и недоволно внесување на интегрални житарки, овошје и зеленчук богати со растителни влакна, може да предизвикаат опстипација (запек). Возрасен човек има потреба од 25 до 30 грама растителни влакна на ден, вели доктор Ли.

Најдобра храна: Богата со растителни влакна, леб од цели зрна, ореви, грав, сливи, овесна каша, ленено семе, брокула, круши и јаболка. Вода од 6 до 8 чаши во текот на денот, исто така, ќе помогне во решавање на проблемот.
Најлоша храна: Зашеќерени слатки, млечни производи, суплементи на железо, месо со висока содржина на масти и преработената храна може да ја влошат опстипацијата.

Вознемирен стомак

Чувството на мачнина во стомакот ја прави секоја храна непожелна, но добар избор на храна може да ја подобри ситуацијата.
„Генерално внимавајте да земате мали оброци“, вели д-р Ли.

Најдобра храна: Солени крекери и ѓевреци може да помогнат, како и мали порции тост или житарки. Во опција можат да влезе и слатка храна, нудли, обични мафини и храна која содржи многу вода, како бистра супа.
Најлоша храна: Мрсна, зачинета, солена или лута храна, кофеин, алкохол и газирани пијалаци кои можат да ја влошат состојбата.

Воспалено грло

Одреден тип на храна може да ви направи своевидна обвивка на грлото и да ја намали болката, вели Лорен Слејтон, основач на „Фудтреинерс“ (Foodtrainers.com).

Најдобра храна: Обидете се да го држите грлото влажно со тврди бонбони или пастили, и пиење многу течности. Мека и кремаста храна, како крем-супи, пире од компири, јогурт или кајгана, се прифатливи кога имате болно грло.
Најлоша храна: Избегнувајте цврста храна, со тврда тескстура, која може да го изгребе вашето грло, како чипс од компири и јаткасти плодови (бадеми, оревеи, лешници). Кисели сокови од овошја и зеленчуци, како портокал или лимон, исто така, може да го изиритираат болното грло.

Болки во целото тело

Која храна ги олеснува болките во мускулите, зависи од конкретната причина која ги предизвикала болките, вели Кристин Артур, интернистка во „Оранџ Коуст мемориал медикал центар“ (Orange Coast Memorial Medical Center) во Калифорнија. За општи болки во мускулите, храна богата со магнезиум може да помогне.

Најдобра храна: Добри извори на магнезиум се зелениот лиснат зеленчук, оревите, семките, сушениот грав и целите зрна. Покрај тоа, може да се зема и храна богата со калциум, како конзервиран лосос, јогурт, лиснат зеленчук и сок од портокал збогатен со калциум.
Најлоша храна: Храна која ќе ве дехидрира, може да ја зголеми болката во мускулите, вели д-р Артур.

Главоболка

Дехидрираност е едена од главните причини за главоболка, вели д-р Артур, затоа, најдобро е прво да се третира тоа што ја предизвикува главоболката.

Најдобра храна: Вода и други течности се најдобар избор. „Испијте едно шише вода и чекајте 20 минути за да видите дали ќе се чувствувате подобро“, вели д-р Артур. Кофеинот е познат како дехидрататор, но иронично, мали дози повремено можат да ја олеснат мигренозната болка кај некои луѓе. На секоја шолја испиено кафе или чај, испијте иста количина вода за да избегнете дехидрирање.
Најлоша храна: Обично оние кои страдаат од главоболки не треба да консумираат кофеин, но многу истражувачи мислат дека има и друга храна која ја влошува главоболката. Вештачки засладувачи, соја сос и некои типови сирење кои содржат тирамин, како и црвено вино и сувомесни производи.

Болка во увото

Болките во увото обично се придружени од други симптоми, па затоа немаат голема поврзаност со храната.

Најдобра храна: Бистри пијалаци и пилешка супа можат да помогнат. Омега-3 масни киселини во лососот и оревите ги олеснуваат воспаленијата, витаминот Ц во зеленчуците и цитрусните овошја, го подобруваат имунолошкиот систем.
Најлоша храна: Некои луѓе имаат лошо искуство со млечните производи, со исклучок на јогуртот, кој содржи пробиотици.

Константно чешање

Ова вообичаено е знак за некоја алергија, за што треба детална анлиза за интолеранција на храна, вели д-р Артур.

Најдобра храна: Храна богата со омега-3, како лосос, сардина, ореви, ленено масло и храна богата со протеини. Ова е храна која е благотворна за здравјето на вашата кожа.
Најлоша храна: Во храна која најмногу предизвикува чешање или алергиски реакции спаѓаат оревите, чоколадите, рибата, доматите, јајцата, сојата и млекото, вели дерматолог Дебра Џелимен.

Растечен нос

Кога сте настинати, најздодевен и непријатен симптом може да биде константното течење на носот. Покрај топол туш, се препорачува и консумирање топли пијалаци, што можеби нема да го прекине течењето на носот, но ќе ги отвори каналите и подобро ќе дишете.

Најдобра храна: Пробајте чај од ѓумбир, кој содржи антиоксидантни и има антивоспалителни својства, што може да го забрза процесот на лекување на настинката.
Најлоша храна: Зачинетата и лутата храна, како и алкохолот, може да предизвикаат инстантно течење на носот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот