Експертите го прогласија најздравото овошје на светот, спречува рак и срцеви болести

Profimedia
Фото: Профимедиа

Неодамна дознавме дека Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави дека најздрав зеленчук е поточарката. Оваа салата освои максимални 100 поени, а потоа следат: кинеската зелка, блитвата, цвеклото и спанаќот, пишува „Делиш“ (Delish).

Сега ЦДЦ објави дека доматот е најздраво овошје на светот.

Доматите се преполни со антиоксиданти, за кои е познато дека помагаат во одбраната од слободните радикали кои предизвикуваат оксидативен стрес и може да играат улога во развојот на рак, дијабетес, срцеви болести и други хронични состојби. Што го прави доматот толку хранлив?

Категоризацијата на овошје и зеленчук на ЦДЦ се заснова на количеството од 17 хранливи материи во порција од 100 калории. Доматот е нискокалорично овошје, чиј хранлив профил е сличен на зеленчукот. Еден домат тежи 60 грама, содржи само 12 калории и помалку од три грама јаглехидрати. Исто така, богат е со ликопен, кој му ја дава црвената боја.

„Консумирањето домати и производи на база на домати може да помогне во заштитата на телото од рак и болести на срцето“, вели диететичарката Шери Бергер, осврнувајќи се на студијата објавена во 2021 година во списанието „Фуд кемистри“ (Food Chemistry).

Тогаш беше откриено дека консумирањето домати и ликопен помага да се спречат болестите на коронарните артерии, рак на желудник, рак на простата и цереброваскуларни болести.

Доматите се исто така богати со витамини А и Ц, а апсорпцијата на ликопенот можете ја подобрите со комбинирањето со здрави масти, како што е маслиновото масло.

Прогласена најздравата билка на светот, лекува бројни болести

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот