ЕК договорила испорака на експериментални лекови за корона

Комисијата се согласила на договор за набавка на лековите тоцилизумаб на „Рош“ и ребиф на компанијата „Мерк“ во количини потребни за да бидат покриени сите 27 држави членки на ЕУ кои се подготвени да ги купат, вели анонимен извор од Комисијата за агенцијата „Ројтерс“.

Европската комисија постигна договор со фармацевтските компании „Рош“ и „Мерк“ за испорака на експериментални лекови.

Овие медикаменти може да се употребат за лечење на пациенти заболени од Ковид – 19, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на анонимен извор од Комисијата.

Комисијата се согласила на договор за набавка на лековите тоцилизумаб на „Рош“ и ребиф на компанијата „Мерк“ во количини потребни за да бидат покриени сите 27 држави членки на ЕУ кои се подготвени да ги купат, вели истиот извор кој за агенцијата тврди дека е упатен и запознат со овие прашања.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот