ЕХФ објави статија за мексиканскиот РК Вардар

фото: vardarfans.mk

Инаку, после освојување на првата Европска титула во далечното Мексико се создаде клуб со исто име и со иста боја на дресовите, а се работи за Вардар МХ кој е формиран во градот Монтереј.

После две години, ЕХФ реши да напише нешто за „двојникот“ на Вардар.

– Мексико можеби не е познато по ракометниот спорт, но од септември 2017 година во оваа држава има двојник на скопски Вардар, кој е формиран во градот Монтереј. Станува збор за Вардар МХ, кој исто така е црвено-црн како својот ‘постар брат’, а единствената разлика е што овој клуб не е формиран 1961 година како оргиналот. Првата европска титула на вардарци беше причината поради која Мексиканците се решија на еден ваков чекор – се вели на почетокот на текстот објавен на официјалната страна на ЕХФ.

Еден од основачите на овој клуб вели, дека Вардар со освојување на Лигата на Шампионите добил голема популација во Мексико, пишува „Вардар фанс“.

– Освојувањето на Лигата на шампионите беше инспирирачка приказна за нас. Бидејќи играа фантастично и беа победници, клубот стана сѐ попопуларен дури и во Мексико, поради што научивме многу работи поврзани со нивните неверојатни навивачи и фантастичната земја Македонија. Победата во годинешното финале исто така беше посебна, а ние бевме горди како самите да сме биле дел од тој фантастичен подвиг – вели Хозе Мата-Гомез, еден од основачите на Вардар МХ.

Повеќе за овој новоформиран клуб можете да прочитате на линкот ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот