Едно починато лице и 739 нови случаи на ковид-19

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека, во последните 24 часа, се направени 1570 тестови, а регистрирани се 739 нови случаи на ковид-19: Скопје – 262, Битола – 55, Куманово – 40, Кавадарци – 37, Охрид – 35, Прилеп, Тетово и Велес – по 28, Гостивар и Штип – по 24, Струмица, Струга и Радовиш – по 19, Неготино – 14, Кичево, Кочани и Свети Николе – по 13, Ресен – 12, Крива Паланка – 10, Гевгелија – 8, Делчево, Богданци и Кратово – по 5, Берово, Виница, Крушево, и Демир Хисар – по 4, Демир Капија – 3, Дебар и Дојран – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (739), регистрирани се 153 реинфекции.

Регистрирани сe 659 оздравени пациенти од: Скопје – 317, Битола – 69, Велес – 36, Кавадарци и Прилеп – по 34, Штип – 22, Гостивар – 21, Тетово – 20, Струмица – 14, Неготино и Гевгелија – по 11, Радовиш, Кичево и Кочани – по 10, Кратово и Валандово – по 6, Ресен – 5, Крива Паланка – 4, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 3, Берово и Демир Хисар – по 3, Куманово, Охрид, Струга, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, пријавено е едно починато лице од Скопје (73 г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.

Направени се 1570 теста преку: ИЈЗ-195, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-46, ЦЈЗ Куманово-41, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–146, Жан Митрев (Филип Втори)-15, Авицена-40, Биотек-36, Систина-27, лабораторија Лаор-5, Синлаб-10, Ремедика-3, Плодност-16, Генеа-6, Никоб Лаб-29, ВФВ Медикал-15, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 724.

Досега во земјата се направени вкупно 2 125 150 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330 755, бројот на оздравени пациенти е 317 149, на починати е 9388, а бројот на активни случаи изнесува 4218.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот