Едно лице избегало од самоизолација, 107 се прошетале за време на полицискиот час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вкупно 107 лица изминатото деноноќие не ја почитувале мерката за забрана на движењето, па полицијата морала да приведе 35 лица, да опомене 47 а за останатите да достави соодветни записници до надлежното Основно јавно обвинителство.

Како што информира заменичката на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска, вчера на 18 лица им се издадени решенија за изолација, додека 24 потпишале изјави за самоизолација. Исто така, се вршат контроли над лица што се во изолација и самоизолација, при кои полицијата евидентирала ека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација, односно не било пронајдено во својот дом.

По односна проверка на објекти во изминатите 24 часа извршени се вкупно 206 контроли и во три случаи констатирани се непочитување на мерките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот