Едно големо браво, моментно најдобрата фудбалска слика на светот!

фото: твитер

Секоја чест за креаторот на оваа слика, на едно место се собраа големи фудбалски имиња и им аплаудираат на најголемите херои.

Ова е апсолутно моментно најдобрата фудбалска сцена која ќе ја видите во овие тешки моменти и борбата на човештвото да се спречи што побрзо ширењето на коронавирусот.

Кратко и едноставно, на едно место се собраа големи фудбалски имиња кои им аплаудираат на најголемите херои кои што моментно го имаат најголемиот натпревар.

Медицинските персонали ширум светот се жртвуваат, ризикуваат со цел да се спасат човечки животи.

Како што може да се види на сликата, аплаудираат едни од најдобрите играчи како Меси, Роналдо, Ван Дајк, Де Брујне, Нејмар, Левандовски, и од другата страна тренерите како Клоп, Гвардиола, Зидан, а без сомнение сигурно уште многу познати фудбалски личности, иако не се гледаат, но поентата е јасна.

Дефинитивно и секоја чест за креаторот на оваа слика, „ZEZO CARTOONS“..Едно големо браво!!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот