Една фирма веќе доби забрана за работа зошто имала работник во недела

Фото: Архива

Една фирма „заработи“ забрана за работа, затоа што во недела бил затекнат вработен во дејност каде што не смее да се работи согласно Законот за трговија, а 14 работодавачи добиле опомена, затоа што тие може да работат во недела, но тоа претходно треба да го пријават, за да може согласно законот, да се следи исплатата на неделните дневници.

– На  2.01.2022 година и на 9.01.2022 година  (ден недела) извршени се вкупно 81 вонреден инспекциски надзор на територијата на РСМ од страна на дежурните инспектори. При инспекциските надзори утврдени се неправилности кај 15 работодавачи при што кај 14 работодавачи за утврдената неправилност е донесена инспекциска мерка опомена согласно чл.134 ст.7 од ЗРО (не го известиле ДИТ за работа во недела), а кај еден работодавач е изречена инспекциска мерка решение  за забрана за вршење на работа согласно чл.50-а ст.3 од Законот за трговија (кај работодавачот работи работник во ден недела спротивно на закон) – изјави за „Слободен печат“ Оливера Лазаревска, раководител на одделение за работни однос во Државниот инспекторат за труд.

Според законската регулатива недела е ден за неделен одмор. Исклучоци има во 40-тина дејности, во кои природата на работата е таква што е неопходно да се работи и во недела, но има и процедура во која работодавачите претходно го известуваат Инспекторатот дека ќе работат во неделата.

Во однос на трговијата, генерално недела е неработен ден, но и тука има исклучоци за моловите, за специјализирани продавници во туристички центри како и за продавници во кои газдите сами ќе си одлучат да работат.

За работа во недела каде што е тоа неопходно, работниците треба да добијат најмалку 50 проценти зголемена дневица и слободен ден кој може да го искористат во наредните 7 дена, а за работа во трговија, таму каде што е дозволено, зголемувањето на дневницата треба да биде најмалку 100 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот