Еден уапсен поради железничката несреќа во Грција

Грција несреќа/ Фото: Leonidas Tzekas / Eurokinissi / imago stock&people / Profimedia

Во рамките на прелиминарната истрага што е во тек за причините за синоќешната железничка несреќа кај Лариса, уапсено е едно лице, соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, станува збор за одговорниот на железничката станица во Лариса.

Обвинителот од Лариса Стаматис Даскалопулос за АНА-МПА рекол дека се сослушува едно лице, покрената е постапка по службена должност и истакнал дека „се во рана фаза за комплетирање на случајот“.

ВИДЕО | Најмалку 32 загинати и 85 повредени во железничката несреќа во Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот