Џозеф за РСЕ: Бугарија е како Русија – пристапот ист, тактиката различна

Бугарија ја злоупотребува моќта како земја членка на ЕУ да каже дека Македонија во суштина се вештачка земја, вели аналитичарот и предавач на Школата за меѓународни напредни студии Џон Хопкинс Едвард Џозеф во интервју за Радио слободна Европа. Тој додава дека позицијата на Бугарија кон Македонија е дека не само што е вештачка земја и југословенска вештачка творба, туку и нашиот јазик и историја се базира врз бугарскиот идентитет.

– Она на што можам да укажам е фактот дека личности во Бугарија за кои е познато дека имаат многу силни проруски афинитети како претседателот Румен Радев и како претходниот премиер Бојко Борисов имаат силна руска наклонетост. Тоа е под број еден. Под број два е дека бугарските експерти кои се од Бугарија ми велат дека има многу корупција. Многу коруптивни руски пари во Бугарија и ние знаеме дека ова е стандарден метод на операција. Дали јас Едвард Џозеф може да укажам и дa дадам доказ за некој криминалец кој го земал законот во свои раце- Не. Но, да кажеме дека е веродостојно, но исто така мора да се потсетиме дека е возможна доброволна природа на тие кои се подредени на Русија. Дури и да не добиваат некои инструкции нивната подреденост е антидемократска и проруска и тие го експлоатираат ова македонско прашање за да го постигнат тоа, вели Џозеф за РСЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот