Џонсон разговарал со кралицата, ја откри нејзината здравствена состојба: „Мора да го следи советот на лекарот

epa-efe
epa

Британската кралица Елизабета, која лекарите ја советуваа да одмора и да избегнува официјални посети најмалку во следните две недели, е во многу добра форма, изјави денеска премиерот Борис Џонсон по разговорот со 95-годишната кралица.

 

Загриженоста за здравјето на Елизабета, најстарата и најдолготрајната владетелка на светот, се појави откако таа откажа серија планирани патувања и ја помина ноќта во болница поради неодредена болест, иако не е поврзана со ковид-19, нејзиниот прв таков престој во болница последниве години.

„Разговарав со нејзиното височество и таа е во многу добра форма“, изјави Џонсон за Канал 4.

– Треба само да ги следи советите на своите лекари и да се одмори, мислам дека тоа е важна работа. Мислам дека цела земја и посакува добро – рече тој.

Елизабета, која е Британска но и кралица на 15 други територии, вклучувајќи ги Австралија, Канада и Нов Зеланд, се одмара во својата куќа во замокот Виндзор, откако пред 10 дена ја мина ноќта во болница, откако врз неа беа извршени серија „прелиминарни медицински прегледи“.

Кралицата, позната по своето добро здравје и по извршувањето на редовните службени должности и покрај нејзината возраст, веќе ја откажа посетата на Северна Ирска и неодамнешниот самит COP26 за климатските промени во Глазгов , каде планираше лично да им се обрати на светските лидери.

Бакингемската палата соопшти дека Кралицата нема да присуствува на големиот настан на 13 ноември во Ројал Алберт Хол, кој го организираше британската воена добротворна организација.

Profimedia

Twitter

Кралицата, сепак, има „цврста намера“ да присуствува на главната национална комеморација на ветераните во недела на 14 ноември, настан кој е од големо значење за неа.

Извор од Бекингамската палата соопшти дека кралицата се уште е во добро расположение и дека снимила видео обраќање за пратениците на COP26. Понатамошниот одмор беше „разумна мерка на претпазливост“, додаде изворот.

Откако ја советувале да се одмори, кралицата изгледа добро и среќно на снимките кои палатата ги објавила кога преку видео врска учествувала во бројни виртуелни настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот