Џенифер Анистон низ солзи откри какви биле последните денови на Метју Пери: Му испратив порака тоа утро

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Актерката Џенифер Анистон во интервју за „Варајети“ за првпат отворено зборуваше за последните денови на нејзиниот пријател, колега и холивудска ѕвезда Метју Пери. Ова е нејзино прво интервју по смртта на актерот, во кое сакаше да нагласи една работа посебно.

„Престана да пуши, беше во сè подобра форма. Беше среќен – тоа е сè што знам“, изјави Џенифер.

Расплаканата актерка продолжи да раскажува за Метју, додека колешката Рис Витерспун од „Утринско шоу“,  ја држеше за рака.

 „Буквално се допишував со него тоа утро, смешниот Мети. Не го болеше. Тој не се мачеше. Беше среќен“, продолжи таа.

Актерката  истакна дека Метју не се борел со болка како што многумина мислат, поради неговата долгогодишна борба со зависноста од дрога и алкохолизмот.

„Сакам луѓето да знаат дека тој беше навистина здрав и стануваше сè поздрав. Работеше толку напорно. Навистина имаше тешка задача. Многу ми недостига. На сите нас. Човеку, многу нè смееше“, рече актерката.

Таа исто така, се осврна на неговата улога како Чендлер Бинг во култната серија „Пријатели“ каде што ја играше Рејчел Грин.

„Неговиот начин на зборување создаде сосема поинаков свет. Ние го следевме, на некој начин. Тоа само додаде нешто посебно на нашата радост“, објасни Џенифер.

Инаку, актерката кон средината на минатиот месец на Инстаграм се огласи по повод смртта на нејзиниот пријател Метју Пери. Неодамна, таа повторно му посвети важна порака на познатиот актер на оваа социјална мрежа.

„За Денот на благодарноста, придружете ми се и на семејството на Метју во поддршката на неговата Фондација која им помага на оние кои се борат со зависноста“, напиша таа.

Исто така, го цитираше она што Метју го велеше: „Зависноста е премногу силна за некој да може да се надмине сам. Но заедно, еден ден во исто време, можеме да ја надминеме“.

Метју Пери со години се бореше со зависноста од дрога и алкохол. Џенифер Анистон беше негов голем поддржувач. Минатата година, во интервју за Дијана Соер, актерот рече дека Џенифер Анистон останала негова лојална пријателка за време на подемите и падовите на неговата борба со зависноста од дрога и алкохол.

Метју Пери почина на 28 октомври во Лос Анџелес, актерот беше пронајден мртов во своето џакузи, сè уште се во тек  токсиколошки анализи за откривање на причината за смртта.

Шон Пен за смртта на Метју Пери: Тагично е, но не ме изненади што се случи тоа

ФОТО | Потресни сцени пред домот на Метју Пери: Телото на актерот изнесено од неговата вила

Објавена умреницата на Метју Пери, наведен чуден детаљ како причина за смртта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот