Џафери и координаторите ќе договараат кога ќе се презентира Договорот со „Бехтел и Енка“ пред пратениците со безбедносен сертификат

Талат Џафери, Собрание

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска треба да се сретне со координаторите на пратеничките групи, а една од темите ќе биде за тоа како и на која собраниска комисија би бил презентиран Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10д пред оние пратеници имаат безбедносен сертификат.

По тврдењата на Владата дека Договорот не може да се презентира бидејќи се класифицира со „доверливо“, пратениците од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои поседуваат безбедносен сертификат на 19 април испратија писмено барање до премиерот Димитар Ковачевски да им го достави на увид Договорот.

Минатата недела Ковачевски информираше оти е прифатено барањето, а согласноста ја испратил и во Собрание.

Од опозицијата коментираат дека пратениците со безбедносен сертификат соглансо Устав и закон имаат пристап до сите документи кои се назначени со „државна тајна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот