Џафери ги прозва претседателите на комисиите за неефикасност на Собранието

Талат Џафери во Собранието / Фото: „Слободен Печат“/Драган Митрески

Собранието е функционално, наспроти обвинувањата на опозицијата дека нема кворум за нови седници и дека се закажуваат веќе почнати седници, а тоа дека околу 80 точки се неразгледани виновни се претседателите на комисиите кои не закажуваат седници, вели претседателот на Собранието Талат Џафери на редовниот брифинг со новинарите на кој направи рекапитулар за работата на Парламентот од почетокот на мандатот до денеска.

– Во овој мандат одржани се 83 пленарни седници, од кои завршени се 54, а незавршени се 29 седници. На 83 седници имало 973 точки на дневен ред, а нерзагледани се 80 точки бидејќи претседателите на комисиите не свикуваат седници. Два закони и тоа законот за прекршоци и законот за следење на комуникациите не се донесени и за нив е потребно двотретинско мнозинство – информира Џафери.

Тој ги прозва претседартелите на комисиите да се изјаснат дали не ги закажуваат седниците поради партиски или политички одлуки.

– Кажи друже во што е проблемот, зошто е прекината Комисијата за надворешна политика за агруманите на новите амбасадори, зошто не заседава Комисијата за политички систем, на пример, а не опозицијата секојдневно да обвинува дека Собранието е нефункционално. Ако има моја одговорност, зошто нема седници, јас ќе одговарам пред јавноста, но нека одговараат и претседателите на комисиите зошто нема седници – вели Џафери.

Тој се надева дека новиот Деловник кој треба да произлезе од процесот „Жан Моне“ ќе ги доведе во ред пратениците, односно дека штом се потпишат ќе мора да присуствуваат на седница, а не како сега да земат дневниците и патните трошоци и да заминат.

– Мнозинството не се заробеници и цел ден да бидат на седница. Обврска на сите пратеници и на опозицијата е да присуствува на седница- вели Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот