Дворчик: Модерна ја откажа испораката на вакцини за Полска

Модерна тестира вакцини против ХИВ/Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Компанијата „Модерна” ја откажа испораката на вакцини против коронавирус во Полска закажана за утре, изјави денеска советникот на полскиот премиер Михаш Дворчик, додавајќи дека испораката може да пристигне најрано за време на викендот.

– За жал, утрешната достава на вакцините на „Модерна” е откажана. Ќе го смениме распоредот за вакцинирање доколку е потребно, рече Дворчик на прес-конференција.

Полска доби вакцини против коронавирус како дел од шемата за набавки на Европската унија. Според локалните медиуми, таа нарачала вакцини и надвор од договорот со ЕУ.

Полска досега вакцинираше над 700.000 лица, претежно медицински работници и стари лица.

Варшава планира да вакцинира три милиони луѓе во првиот квартал на 2021 година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот