Две силувања во еден ден, жртви – малолетничка од Струмица и млада жена од Кочани

Сексуално злоупотребување илустрација/ Фото Top Channel

Два случаи на силување се пријавени во текот на вчерашниот ден во полициските станици во Струмица и Кочани при што едната од жртвите е малолетно девојче.

Синоќа во 20.00 часот во СВР Струмица, 41 годишна жителка на Струмица пријавила дека била извршена обљуба врз нејзината малолетна ќерка од страна на И.А. од с.Старо Балдовци.

Два часа претходно пријава за силување пристигнала и во Полициска станица Кочани, каде 34 годишна жителка од кочанско село пријавила дека околу 11,00 часот во барака во атар на кочанско село, врз неа  била извршена обљуба од И.Ј. од с.Жиганци.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштува МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот