Две парчиња облека кои никогаш не треба да се носат два дена по ред

Градник / Фото: Pexels/Taryn Elliott

За гаќички и чорапи не мора посебно да се напоменува зашто треба да се менуваат секој ден, но за константно носење на ист градник и обувки луѓето обично не размислуваат на тој начин.

Експертите велат дека носењето иста облека два дена по ред не само што е непожелно, туку на некој начин и опасно.

Од хигиенска гледна точка, но и заради трајност и комфор, не треба секој ден да се носат исти градници и исти чевли.

Градници

На градниците им треба барем еден ден „одмор“ меѓу две носења и тоа не само заради хигиена, туку и заради зачувување на нивниот облик. Со носење еден ист градник во текoт на целиот ден тој се растегнува, па потребно е извесно време да се врати во првобитна форма. Се препорачува да се менуваат градниците, односно да се носат неколку градници во текот на неделата. Градникот треба да одмори од носењето еден ден за да ја „поврати силата“.

Кога истиот градник се носи два дена по ред или повеќе, тоа е исто како да ги напрегате мускулите кои нема лесно да се вратат назад. Градникот ќе биде поудобен, попријатен за носење кога ќе има соодветна можност за одмор.

Имајте на ум и дека градникот не треба да се пере во денот за одмор, бидејќи е чувствителна облека и за да се избегне оштетување, се пере рачно по три носења.

Обувки

Како на градниците, така и на чевлите им требаат денови за „одмор“, но исто така и на стапалата. Со носење ист пар на чевли секојдневно, се создава притисок на исти точки на стапалата, а како резултат на тоа, може да дојде до болни и спуштени стапала и деформации.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот