Две негователки во Кавадарци позитивни на ковид-19, во изолација 22 деца и 4 вработени

Фото: ЕПА

Две негователки се позитивни на коронавирус во Кавадарци, вработени во различни објекти од градинка, во изолација се  22 деца и четворица вработени, заболен е и еден здравствен работник, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Центарот бележи и две починати лица, на 66 и 81 година.

Потврдени се нови 28 случаи позитивни на коронавирус. Во Кавадарци 16, Росоман 2, Неготино 6 и 4 лица во Демир Капија. Тие се на возраст од 17 до 79 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот