Двата аеродроми во земјава засега остануваат затворени

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Двата аеродроми во земјава засега остануваат затворени, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Сметаме дека сè уште е рано. Прво што ќе дискутираме е отворање на сувоземните гранични премини и тоа во договор со околните земји. Мора да се анализира епидемиолошката состојба во околните земји, односно како се работи во идентификација на контактите. Има многу парметри, во смисла на тоа колку се хоспитализирани, колку се асимптоматски и за тоа ќе се дискутира за време на викендот- рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот