Двајца тешко повредени во сообраќајка на патот Росоман-Кавадарци

Фото: Слободен печат/Архива

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на патот РосоманКавадарци, на мостот на Црна Река, каде утрово се случи сообраќајна несреќа меѓу трактор и комбе наменето за транспорт на леб од Скопје за Кавадарци.

До несреќата дошло во момент кога тракторот и комбето се движеле во ист правец, еден зад друг. Притоа возачот на комбето удрил во задниот дел од тракторот, го дестабилизирал и тој излетал од патот. Во несреќата возачот на тракторот на возраст од 69 години се здобил со тешки животозагрозувачки повреди и е пренесен на лекување на скопските клиники, додека 27-годишниот возач на комбето се здобил со телесни повреди.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде повеќе наредби, меѓу кои и наредба за анализа на примероци од крв и урина на учесниците во сообраќајната несреќа, наредба за технички преглед на возилата и сообраќајно вештачење.​​

Тројца повредени во сообраќајка кај Сарај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот