Дуда ја критикува ЕУ заради одлагањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија
МИА Агенција
Пред
Анджеј Дуда/ Фото ЕПА
Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска остро ја критикуваше ЕУ заради одлагањето на почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со Унијата.
-ЕУ не треба да се однесува кон земјите на тој начин кога тие ги спроведуваат различните реформи насочени кон идната интеграција, посочи Дуда на средбата на врвот на иницијативата „Берлинскиот процес” во Познањ, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека тие земји исполниле многу барања за започнување на преговорите.
Во јуни Советот на ЕУ не успеа да постигне согласност за давање датум за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изрази увереност дека одлуката по ова прашање ќе биде донесена до октомври.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во каква состојба се автобуските постојки низ градот, сведоци се граѓаните што секојдневно користат јавен градски превоз. Дел од нив се со ишарани и измачкани стакла, некои немаат натстрешници, некои клупи, а на повеќето се искршени и кантите за ѓубре. Некаде нема електронски информативни табли преку кои граѓаните се информираат за пристигнувањето на автобусите, а …
СДСМ значително потфрли во овој круг на претседателските избори, но може да се обиде да го подобри својот резултат во наредните две недели бидејќи меѓу другото имаат и оперативни потфрлања и можат со анализа по општини и поединечно по гласачки места да видат каде можат да ги подобрат резултатите, вели Сашо Ордановски за „Слободен печат“. …