Дуа Липа: Не можев да пишувам среќни песни долго време
Кога сакаше да започне да работи на нејзиниот втор албум „Future Nostalgia“, Дуа Липа беше решена да проба друг звук – и се покажа дека не погреши.
„Долго време чувствував дека можам да пишувам само тажни песни, бидејќи мислев дека нема да биде кул ако пишувам весели, поп-песни“, признала пејачката. „Затоа решив да престанам да размислувам така и да направам искрен поп албум – затоа што бев среќна за време на снимањето на овој албум“, истакнала Липа.
View this post on Instagram
На прашањето колку е различен албумот на „Future Nostalgia“ од претходниот, Дуа одговори:
„Тој е многу посреќен (се смее). Излегов од мојата удобна зона и пеев за лични работи што ме прават среќна“.
Таа исто така истакнала дека некои од нив се автобиографски.
View this post on Instagram
„Секако, некои од песните се автобиографски. Јас обично пишувам песни за еден ден, а потоа се враќам на нив подоцна. Но, мислам дека ми требаше најмногу време за песната „Love Again“. Имав дел, но постојано го менував, пишував нешто и се обидував да го пронајдам делот што недостасува. Се покажа дека тој дел е примерок од друга песна од 30-тите години на минатиот век“, истакнала пејачката.