Дуа Липа има нова љубов: Познатиот рапер прави сѐ за да ја усреќи

Дуа Липа и Џек Харлоу / Фото: EPA

Се чини дека пишувањето песна за некого сѐ уште е добар начин за да започнеш романтична врска со таа личност. Барем таков е случајот на Дуа Липа и Џек Харлоу.

Како што дознава „Пејџ сикс“, британско-албанската пејачка, наводно, е во романтична врска со американскиот рапер, кој на својот последен албум има песна која е именувана „Dua Lipa“.

Харлоу неодамна раскажа дека пред да го објави албумот во мај годинава, ја исконтактирал Липа за да добие нејзино одобрување. Иако добил чудна реакција од нејзина страна, таа му дозволила да ја именува песната со нејзиното име.

Тие двајца се запознале минатиот месец, на настанот „Variety Hitmakers Brunch“, а како што пишува „Пејџ сикс“, пејачката била воодушевена од шармантниот рапер и оттогаш имаат „постојана комуникација“.

„Тој беше многу заинтересиран за неа и е настојчив да ја продолжи романсата“, изјавил избор близок до раперот за „Пејџ сикс“.

Исто така, блиски извори велат дека тој одлетал во Њујорк само за да ја види по нејзиното појавување на настанот „Z100 Jingle Ball“ во петокот.

„Џек ќе се потруди да биде најдобар што може“, додал изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sydney 💞 (@jackharlowsource)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот