Другото лице на Бејл: Вонземјаните постојат, некој ги крие од нас

EPA-EFE/Julian Finney

Велшанецот во разговор за официјалната интернет страница на Тотенхем потврди дека е поинаков од останатите соиграчи.

Актуелниот фудбалер на Тотенхем и на велшката репрезентација, Герет Бејл, се смета за чуден лик во светот на фудбалот, со сопствени сфаќања и однесување кое е поинакво од останатите играчи.

Тој иако седум години беше дел од Реал Мадрид, познато е дека немаше близок однос со соиграчите, а воопшто не покажа желба да го научи и шпанскиот јазик и тоа причини кои му се познати само на него.
Дека Бејл е поинаков од останатите фудбалери покажа и во последниот разговор за официјалната интернет страница на Тотенхем, тврдејќи дека вонземјаните постојат.

– Нормално дека постојат теории на заговор, но исто така и постојат снимки од НЛО кои ги објавуваше владата на САД. Дали се лажни тие видеа? Не, сигурен сум дека постојат, јас лично видов неколку такви објекти. Исто така знам дека постојат и вонземјани, но некој ги крие. Можно е тоа да го прават владите на големите земји, но постојат. Убеден сум во тоа – изјави Бејл.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот