Дресер на кучиња: Овие кучешки раси ми беа најтешки за дресура

Кокер шпаниел / Фото: Julia Filirovska

Дресерот на кучиња од Велика Британија, Вил Атертон вели дека расите кокер шпаниел и кане корсо му биле најтешки за работа. Тој објаснува дека „тие можат да развијат однесувања кои тешко се контролираат“.

Тој објави видео на платформата Тик-ток во кое истакнува дека многу сопственици на кокер шпаниел не сфаќаат колку обука бара таа раса.

„Приметувам дека истите раси се појавуваат одново и одново, покажувајќи исти типови негативно однесување. Кокер шпаниелите се најпалавите кучиња и раса што луѓето ја купуваат од погрешни причини. Тие ги купуваат за да ги објавуваат на Инстаграм. Поради ова тие лаат, го влечат поводникот и генерално се однесуваат ужасно“, тврди тој.

Фото: Pexels/RODNAE Productions

Уште една раса со која имал потешкотии е кане корсо.

„Лично, тоа е мојата омилена раса. Повторно, луѓето ги земаат тие кучиња и немаат доволно време и искуство за да им се посветат, што доведува до репутација на агресивни кучиња“, вели тој.

@iamwillatherton The worst behaved dog breeds I’ve ever worked with #fyp #dogbreeds #behavedog ♬ original sound – Will Atherton

Истражување: Домашните миленици го штитат мозокот на сопственикот од старост

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот