Драма за време на карантинот на Јелена Розга: Пејачката била следена во чекор од непознат човек!

Хрватската пејачка Јелена Розга (42) карантинот поради пандемијата од коронавирусот, ќе го памети по уште една неубава работа.

Розга скоро целото време го помина во родниот Сплит, каде уживала со семејството, но сепак едно време била во голем страв поради човек која прогонувал.

Инстаграм

Имено, човекот постојано ја следел пејачката, која од страв постојано се се вртела да провери дали има некој позади неа.

– Ми беше страв дури и преку ден… Морав да излезам за да го прошетам кучето, не ми беше сеедно. Само се вртев околу себе. Па, кој сака да живее во страв, да трча кон лифтот и слично? Грозно чувство! – раскажала пејачката за познатата емисија „Ексклузив“ на РТЛ.

Ова не е првпат убавата сплиќанка да има проблеми со таен обожавател, исто така пред неколку години имаше сериозен проблем кога беше малтретирана од сплитски поштар, кого на крајот морала и да го пријави во полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот