Драма на грчки крузер: 12 членови од посадата заразени од коронавирус, 922 патници не смеат да мрднат од кабините

epa06004362 The new cruise liner 'Mein Schiff 6' of TUI cruises is seen on its way towards the Elbphilharmonie building for the naming ceremony of the ship in Hamburg, northern Germany, 01 June 2017. The vessel measures 295 meters in length with 15 decks. TUI cruises is a joint venture of the TUI AG and Royal Caribbean Cruises. EPA/FOCKE STRANGMANN

Неколку часа откако во неделата вечер крузерот Мајн Шиф 6 исплови од критското пристаниште Хераклион стана очигледно дека крстарењето за време не пандемијата се уште не се безбедна опција за одмор.

„Во понеделникот добивме резултати од тестирањето на персоналот и утврдено е дека 12 членови на посадата се позитивни на коронавирус“, порачаа од туристичката компанија Туи.

„Во рамки на мерките за претпазливост и во склад со строгите мерки за продолжување на крстарењето договорено со грчките власти, споменатите лица веднаш се ставени во изолација на бродот“, додаваат од компанијата.

На крузерот Мајн Шиф 6 спроведено е тестирање по случаен избор на 150 од 666 членови на посадата. Сите заразени биле асимптоматски, пишува Гардијан.

Крузерот под малтешко знаме патуваше преку Пиреа за Крф. Капетанот ја запре пловидбата штом дозна за резултатите од позитивните тестови и се закотви кај островот Милос се додека грчките власти не му наложат да тргне кон главниот пристаништен град.

Грчките медиуми јавуваат дека во текот на патувањето сите 922 патници ќе бидат затворени во своите кабини.

Меѓутоа, тие информации ги негираше компанијата Туи која управува со овој луксузен брод заедно со американската компанија Ројал Карибиеан.

„Патниците можат нормално да се движат низ бродот, а крстарењето продолжува според планот“; велат од компанијата Туи.

Се очекува експерти од јавното здравство да го посетат крузерот кој денес ќе пристигне во Пиреа, а властите навестија дека никој нема да може да излезе од него.

Крузерот Мајн Шиф 6 првпат се врати во грчките води откако во март е воведен карантин. Грција беше првата медитеранска земја во која Туи продолжи со крстарењата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот