Драган Начевски осомничен за учество во местење натпревари, ЕХФ го суспендираше

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) привремено го суспендираше Драган Начевски кој раководеше со судиската комисија.
ЕХФ со официјално соопштение ја објасни целата ситуација и суспензијата за поранешниот македонски судија, а сега делегат. Како главна причина за суспензијата на Начевски е претпазливост по објавата на данската „ТВ2“ за наводно учество во местење натпревари.
До ЕХФ била доставена документација со видео и аудио снимки од состанок на Начевски со бизнисмен кој тврдел дека може да донесе кинески тим во СЕХА лигата. На истиот состанок се споменува и договор за местење резултати.
Во своето соопштение ЕХФ наведува дека Начевски директно одбил нешто такво, но се потенцира дека не се дистанцирал доволно. Суспензијата е со цел да се зачува интегритетот на спортот додека се разгледаат доказите.
Претходно на почетокот на годината истата „ТВ2“ објави обвинувања за местење натпревари кон македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, ЕХФ тогаш застана позади своите арбитри и ги демантираше обвинувањата.
ЕХФ се огласи: Обвинувањата кон македонските судии се неосновани и без докази