Доживеале ПЕКОЛ на Пеколните острови – Австриски туристи БРУТАЛНО претепани во Хвар, откако им наплаќале за БЕСПЛАТЕН влез

Хрватска полиција
Хрватска полиција/ Фото: ЕПА

Група од пет туристи, четири од Австрија и една хрватска државјанка, во петок вечерта била брутално нападната од обезбедувањето на познатиот ноќен клуб „Карпе Дием Бич“ на Пеколните острови покрај Хвар.

Тоа е нов случај во низата напади на туристи кои се повеќе се зачестија ова лето.

Австрискиот државјанин Ф.У. (34) овој петок се наоѓал во друштво на пријателка од Хрватска која студира во Виена, пријателот П.С. (31) и неговите две сестри близначки (26). Тоа бил петти ден на Ф.У. на Хвар, каде летува во последните петнаесетина години и имал намера да остане уште 20 дена, рекол тој во разговор за Индекс.хр.

Таа вечер се наоѓале во клубот Карпе Дием. Кога клубот се затворил, тие уште малку се шетале низ градот и одлучиле да одат на обиколка на островот, па да заминат во ноќниот клуб на плажата „Карпе Дием Бич“ кој има дозвола да работи цела вечер. Таа одлука била донесена оваа година, заради што негодувале жителите на Хвар. Околу три часот со брод кој вози до клубот тие стигнале на островот Мартинковац каде се наоѓа споменатиот клуб.

На влезот прашале кога можат да влезат бесплатно, бидејќи им било речено дека после некое време може да се влезе бесплатно и девојката која работела на врата им рекла да се вратат за половина час. Одлучиле да причекаат, да се избањаат и да се вратат пред клубот.

Кога се вратиле околу 3.30 часот, прашале дали влезот е бесплатен, но на вратата овој пат биле лица од обезбедувањето кои им рекле дека влезот е 150 куни за петорицата. Тие на англиски објасниле како тоа не е во ред бидејќи пред тоа им било речено дека после 3.30 влезот е бесплатен, но сепак почнале да вадат пари. На тоа вработениот одговорил: „Сега влезот е 200 куни“.

Заради тоа решиле дека нема да влезат во клубот и тргнале накај излезот, а П.С. им рекол на англиски дека се корумпирани. Потоа еден од напаѓачите тргнал кон нив и прво го нападнал П.С. Го удрил по лицето, а потоа му се придружиле и останатите кои го опколиле и почнале да го тепаат.

Се се одвивало брзо, како што кажуваат и целиот напад траел кратко, нешто помалку од пет минути. Откако се завршил нападот, тие побегнале накај бродот за Хвар, во кој се наоѓале околу дваесеттина луѓе, а еден од напаѓачите тргнал по нив.

Успеал и тој да се качи на бродот, но останатите туристи го запреле и го натерале да излезе од бродот. Младите Австријци сепак успеале да стигнат до Хвар, каде по доаѓањето биле пречекани од полицијата, па се одведени во станица, а потоа и во амбуланта, каде им е речено дека утре мораат да одат во Сплит на снимање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот