ДОЖДОТ НЕ ПРЕСТАНУВА, Истра во паника: Поплавени улици, водостојот расте! (ВИДЕО)

Силното невреме што ја зафати Хрватска, направи најголеми проблеми во Истра и во делови од Далмација.

На повеќе места низ Хрватска денеска врнеше силен дожд со град. На реката Мирна е прогласена вонредна состојба пред излевање и се поставуваат вреќи.

POTOP upravo u Medulinu! Video: Ružica Barišić Želinski

Publiée par IstraMet sur Mercredi 29 mai 2019

Големи количества дожд наврнаа во Медулин, каде за само неколку часа падна воден талог колку за еден месец.

Сериозна е состојбата и во Ровињ и во Ријека, каде за само еден час наврна дожд колку за цел месец. Улиците се преполни со вода, а поплавени се и куќи и други објекти.

По скалилата на приморските градови се слеваат вистински реки, додека градот предизвика штета во внатрешноста на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот