Домашните се повкусни: Направете си вкусни наполитанки (РЕЦЕПТ)

профимедиа

Култните наполитанки се десерт од нашето детство, кои беа задолжителни во секој дом. Сигурно ги паметите домашните наполитанки на вашите мајки и баби, кои никако не се споредуваа со оние од продавница.

Денес ви претставуваме рецепт за домашни наполитанки во кои со сигурност ќе ужива целото семејство.

Потребни состојки:

• 4 листови обланди

• 250 гр. путер

• 200 гр. шеќер

• 12 лажици вода

• 250 гр. мелени ореви

• 250 гр. мелени интегрални кекси

• 100 гр. чоколадо за готвење

профимедиа

Подготовка:

Во поголемо тенџере, ставете го путерот, шеќерот и водата и мешајте на тивок оган додека состојките не се соединат. Потоа, во растопениот путер додадете ги мелените ореви, интегралните кекси и чоколадото, и повторно мешајте сè додека не добиете хомоген крем.

Оставете малку да се излади, а потоа поделете го кремот на три еднакви дела со кој ќе ги премачкате горните страни на обландите.

Вака подготвените обланди обложете ги со масна хартија, и одозгора притиснете ги со метална тава за да добијат потенок облик.

Оставете ги сосема да се изладат, а потоа можете да ги премачкате со чоколадна глазура.

Совет: доколку сакате да го збогатите вкусот на кремот, додадете малку сок од портокал или неколку капки рум.

Пријатно јадење!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот