Доктор Жарко Караџовски: Грипот и Ковид 19 да не се мешаат

Тој објасни дека секоја година епидемиолошката крива на сезонската инфлуенца се менува, односно дека епидемиската линија една година е повисока, друга година е пониска, зависно од тоа дали грипот се јавува во епидемиска форма или не.

Годинава имаме 17.000 повеќе заболени од сезонски грип споредено со лани, но тоа никако не смее да се доведува во корелација со коронавирусот, ниту пак е нешто специјално, рече доктор Жарко Караџовски на вечерашната прес конференција.

Тој објасни дека секоја година епидемиолошката крива на сезонската инфлуенца се менува, односно дека епидемиската линија една година е повисока, друга година е пониска, зависно од тоа дали грипот се јавува во епидемиска форма или не.

-Оваа година што помина 2019, имавме епидемиска форма на грип. Првите месеци во 2020 бројот го достигна максимумот. Епидемиската крива на грипот има два врва, едниот врв е во крајната недела на декември и првата и втората недела на јануари. А вториот врв на епидемиската крива е во четвртата недела на февруари и првата недела на март. Така беше и оваа година. Бројот на заболените не е единствено мерило за силината на грипот. 2009 година имавме педесет смртни случаи. Претходно во 2005 година со птичјиот грип имавме голема пандемија. Бројот не се должи на никакво зголемување заради нешто, ако алудирате на ковид. Не е така. Ковид во светски рамки во ниедна држава не се поврзува со сезонската инфлуенца. Ние 30 дена пред првиот случај на заразен од ковид во земјава читавме во Лансет што тоа чудно се случува во Кина. Не можев да сфатам како Кина направи бариера на град со 11 милиони жители. Да спречиш 11 милиони луѓе да се движат тоа е малку тешко за европски рамки. Сезонскиот грип ќе има и во 2020 година своја сезоност и тоа на крајот на есента и на почетокот на зимата. Ќе има своја крива во јануари февруари и март меѓутоа имало години кога почнувала и во декември. Ништо специјално не се случуваше минатата година освен што бројот беше малку поголем од вообичаеното, рече доктор Караџовски.

Тој додаде дека сезонската инфлуенца е непредвидлива.

-Сме имале години во 1992 со 94.560 случаи, во 1997 имавме 68.000 случаи па 2004 имавме голема епидемија, па 2005 птичји грип, па 2009 сезонски грип па 2014 година пикот на сезоната беше јануари и февруари. Тоа се години кога сме имале епидемиски криви со над нормален број на заболувања. Значи кога ќе има над 20.000, првото прашање од медиумите е дали се случува епидемија во државата. Сакам да потенцирам дека Скопје и Куманово е многу типично за кога треба да правиме истражување зошто кога има респираторно зголемување, најчесто се случува во Скопје и Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот