Доколку пребрзо се укинат мерките, ќе се предизвика поголема економска криза

Фото: EPA-EFE/ABBOTT

СЗО и ММФ предупредуваат дека државите не смеат пребрзо да ги укинат вонредните мерки

Светската здравствена организација предупредува дека може да дојде до големи економски штети, доколку пребрзо се олеснат воведените мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Директорот на СЗО смета дека економската криза може да се одолговлечи,  доколку државите одлучат пребрзо да ги укинат мерките за ограничување.

Со ваков став се и претставниците на ММФ кои наведуваат дека никогаш досега, немало ваков целосен прекин на светската економија, и последици  за поединците но и за  економиите на сите држави во светот.

Краткорочно гледано, државите би можеле да го олеснат теретот на своите граѓани низ социјални програми, како би се осигурала доволна количина на храна и останатите  основни продукти за своите граѓани.

Долгорочно гледано, најдобар и единствен начин да се укинат ограничувањата и да се олесни економското опоравување е уништувањето на коронавирусот со пакет на агресивни и сеопшти мерки- Лоцирајте, тестирајте изолирајте и лекувајте, секој случај и секој контакт, изјави главниот директор на Светската здравствена организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот