„Доколку коронавирусот усмрти само 20.000 лица во В. Британија, тоа ќе претставува успех“

epa08315525 A pedestrian walks past an advertisement for 'Panicky in the UK' displayed on a phone box in Central London, Britain, 23 March 2020. The British government has urged the public to continue to practise public distancing in order to prevent the spread of coronavirus. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/WILL OLIVER

Се проценува дека бројот на починати пациенти како последица на коронавирусот во Велика Британија би можел да биде помеѓу 7.000 и 20.000 лица, по преземените мерки за спречување на ширење на заразата, изјавува Нил Фергусон, професор на Лондонскиот Империјал колеџ. Сепак, директорот на британската здравствена организација смета дека доколку починат „само“ 20.000 луѓе, тоа би претставувало успех.

23 март / Лонон, В. Британија / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Фергусон, кој е еден од авторите на владините мерки за заштита, во интервју за BBC изјавил дека според експертите „бројот на мртви би можел да ја достигне цифрата од 20.000 жртви или нешто повеќе.“

„Во случајот на Велика Британија постои експоненцијално растечка крива на бројот на заразени, која во одреден момент успеавме да ја сопреме со нашите активности“ додава британскиот епидемолог. Според Фергусон, во моментот нема можност да се провери колку точно луѓе се заразени со вирусот. Се’ уште се чека на резултатите од тестовите, а дотогаш се располага само со проценки.

Редица автомобили чека на ред во јужен Лондон за да се тестира за коронавирус / 03 април 2020, Лондон, В. Британија / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Според Фергусон има знаци дека карантинот значајно придонел за успореното ширење на вирусот, како и дека зенитот на бројката на заразени се очекува во наредните седум до десет дена.

„Сега, од клучно значење е колку ќе успееме да ја намалиме брзината на ново заразени пациенти, а се надевам дека е ќе успееме во тоа фактот што бројката на нови пациенти опаѓа. Тоа главно зависи и од успехот на мерките кои ги преземавме.“

Стивен Поус, доктор и директор на британската здравствена организација, минатата недела изјавил дека доколку крајниот резултат на жртви на овој вирус се ограничи на 20.000, тоа би претставувало успех.

Луѓето го користат сончевото време за спортување и прошетки во Гринвич парк / 05 април 2020, Лондон, В. Британија / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија ќе го „победи“ корона вирусот доколку луѓето ги следат владините мерки и останат во своите домови.

Министерот за здравство Мет Хенкок во интервју за ББЦ изјави дека Британија ќе мора да уведе додатни ограничувања за движење доколку не се следат препораките на владата и установениот карантин.

Мет Хенкок, министер за здравство на В. Британија, денеска одржа дигитална прес-конференција / 05 април 2020 / Фото: ЕПА

„Во моментов голем дел од граѓаните се придржуваат до мерките на владата, но и мало кршење на правилата би значело дека вирусот би можел да се прошири. Во тој случај владата би морала да преземе додатни мерки“ изјавува Хенкок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот