Додик му забрани влез на Кристијан Шмит во Република Српска

Фото: Твитер / Н1 / принтскрин

Милорад Додик најави дека од следната недела ќе му биде забранет влез во Република Српска на високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.

„Шмит повеќе нема да биде придружуван. Доколку дознаеме дека влегол ќе биде избркан од Република Српска. Од следната недела тој нема да може да влезе во Република Српска. Еве, пробајте“, изјави Додик во интервју за тамошна телевизија.

Кристијан Шмит, Милорад Додик/ Фото EPA

Тој изјави дека Шмит, чиј легитимитет го оспорува бидејќи неговото назначување не било потврдено од Советот за безбедност на ОН, дошол во БиХ „за да ја обезвласти Република Српска“.

„Ако ми го земате имотот, зошто да бидам со вас. За имотот не се согласувам. За мене тоа е завршено во Уставот“, рече Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот