Добро е да се знае: Што содржат сурими ролничките?

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Основна состојка во ролничките не е месо од опашка од рак, туку исчистена рибја белковина позната како сурими. Таа се прави од месо од бела риба, најчесто риба хек, но и од сабјарка, тилапија и разни видови ајкули.

Прво се приготвува пире, потоа се вари за да стане еластично. На јапонски сурими значи пире од риба.

Освен сурими, во ролничките има и компиров скроб, растителни масти, сол, шеќер и хранливи додатоци кои го нагласуваат вкусот и ја чуваат структурата на производот при длабоко замрзнување.

Скробот во ролничките се користи како елемент кој ги поврзува молекулите од рибните белковини. По термичка обработка, скробот на финалниот производ му дава дополнителна еластичност. Количината скроб не треба да поминува 10 отсто, затоа што во спротивно финалниот производ ќе биде без вкус и сув.

При производство на ролничките се користат само природни екстракти, добиени од тихоокеански ракови. За имитација на боја од природно месо на рак се користи тесто обоено со природна црвена боја.

Карагинани се природни згуснувачи што се добиваат од морските алги од родот „Rodophyceae“, а луѓето одамна откриле дека морските алги се извор на многу микроелементи кои му се потребни на организмот. Разни видови алги даваат разни видови карагинани. Воглавно се користат поради тоа што во себе содржат желатин. Освен тоа некои видови карагинани го спречуваат ослободувањето на течности при длабоко замрзнување.

Натриум глутамат, кој го има во ролничките, сам по себе нема ни вкус ни мирис, но има одредена особина да го подобрува вкусот на другите производи. Немате причина да се грижите што се однесува до содржината на натриум глутамат во ролничките. Него го има во многу видови производи и во човечкото тело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот