Добра вест за Ѓоковиќ: Алкараз се откажа од турнирот во Базел

Фото: EPA-EFE/ANDRES MARTINEZ CASARES

Вториот светски рекет, Шпанецот Карлос Алкараз одлучи да се откаже од турнирот во Базел поради повреда.

Турнирот во Базел ќе се игра од 21. до 28. октомври, а Алкараз нема да биде дел од него. Местото на Алкараз во главната фаза ќе му припадне на Станислав Вавринка.

Откажувањето на Алкараз секако е добра вест за Новак Ѓоковиќ кој води битка со Шпанецот да остане врвот на АТП листата. Со пропуштањето на овој турнир Алкараз остана без шанса да освои нови 500 бодови на АТП листата, но и ќе загуби 180 поени кои ги освои минатата година.

По ова е јасно дека на најновата АТП листа која ќе биде објавена на 29. октомври, Алкараз ќе биде второпласиран со 8.625 боса, додека Ѓоковиќ на врвот има 11.045.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот