Добил 40 милиони фунти на лото, ја напуштил сопругата, па љубовницата му приредила пекол

Гарет Бел и Дона Деспорте/ Фото: Принтскрин/Фејсбук

Лото милионерот е жив доказ дека оние кои имаат среќа во пари немаат среќа во љубовта, а кај него работите навистина се искомплицирале.

Гарет Бул ја доби трајната судска забрана која ја спречи Дона Деспорте да објави книга со детали за нивниот заеднички живот.

Бул (52) го освои џекпотот на лотаријата во јануари 2012 година, освојувајќи дури 40.627.241 фунти на извлекувањето на „Еуромилионс“ (EuroMillions). Во тоа време тој беше во брак со Катарина, а парот има два сина. Но, тие се разделија во 2016 година и се разведоа следната година. Гарет, кој потекнува од Менсфилд, Нотингемшир, имал љубовна врска со Дона, откако се сретнале во бар во шпанското одморалиште Тенерифе во октомври 2016 година.

Високиот суд во Лондон донесе трајна забрана во 2019 година со што ја спречи Дона да објави детали за Гарет во нејзината книга. Сопственичката на бар Дона објави е-книга наречена „Гуглај ме, без лаги“ (Google Me, No Lies) за својата деветмесечна врска со поранешниот ѕидар. Таа зборуваше за тоа како тој ѝ се додворувал додека бил на одмор во Тенерифе, користејќи ја линијата за разговор: „Гуглај ме“. Но, пресудите на Високиот суд ѝ забранија да објавува пасуси за Гарет, како и да користи четири фотографии што тој „приватно ги снимил“.

Исто така, во 2021 година ѝ беше изречена забрана за приоѓање што ја спречи да покрене судска постапка против него. Дона, во деветмесечната врска со Гарет, поднела низа тужби што му предизвикале „непотребна конфузија, анксиозност и вознемиреност“, пресуди Високиот суд. Таа инсистирала на тоа дека има право јавно да зборува за нивната врска за да возврати на обвинувањата дека е трча по мажи со пари.

Сепак, судијата Џулијан Ноулс рекол дека немало јавен интерес во нејзиното пишување за нивниот сексуален однос. Тој, исто така, нејзиното однесување го означил како „целосно неприфатливо“, истовремено велејќи дека тековниот спор станал толку „комплициран“ што нејзиниот правен тим се трудел да го одржи чекорот. Судијата Ноулс рекол: „Дона Деспорт упорно поднесуваше целосно неосновани пријави во низата постапки во текот на подолг период. Искусни судии на сите нивоа, од Мастер до Апелационен суд, потврдија дека целосно се без основа.“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот