До 31 август продолжена забраната за влез во Грција за државјани на трети земји

Граничен премин „Евзони“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претходната, идентична одлука е во сила до 14 август, а новата претставува продолжување и стапува во сила во сабота.

Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји е продолжена до 31 август 2020 година, согласно заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи, објавена во Службен весник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходната, идентична одлука е во сила до 14 август, а новата претставува продолжување и стапува во сила во сабота.

Мерката предвидува „привремена забрана за влез во земјата на сите државјани на трети земји од која било влезна точка во земјата и на кој било начин или со кое било средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и копнените поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија”.

Забраната не важи за земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и за државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.

Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.

Одуката е веќе објавена во Службен весник на Грција и важи за временскиот период од 15 август 2020 година до 31 август 2020 година.

На 15 август истекува и другата министерска одлука што се однесува на привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, Албанија и Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот