Дневен хороскоп за 5 јули: Внимателно избирајте ги зборовите

дневен хороскоп
Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 5 јули, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Оптоварени сте со разни обврски и немате доволно доверба во нечии ветувања. Постои можност да ја подобрите ситуацијата, под услов подобро да ја контролирате својата импулсивност. Изјавите или афективното однесување на партнерот почнуваат да ве загрижуваат. Ситуацијата моментално не е сјајна, но не заборавајте – партнерството се заснова на компромис.

Бик

Средбата со една личност нема да ги исполни вашите очекувања, но ќе најдете алтернативно решение. Доволно сте енергични за да ја спроведете својата волја и да оставите добар впечаток. Изненадите ја вашата сакана со стил. Понекогаш ги засенувате сите околу вас со вашите необични идеи и несебичното внимание што го давате.

Близнаци

Не се залажувајте дека сè што ќе слушнете е вистина или дека нечии ветувања се доволна гаранција за деловен и финансиски успех. Некој може да ве изненади на малку грд начин и без да ги објасни своите постапки. Подобро е да ја прифатите идејата на партнерот отколку да бидете премногу конфронтирачки расположени. Внимателно избирајте ги зборовите.

Рак

Нечии зборови го продлабочуваат вашето незадоволство. Сепак, за да го задржите своето достоинство во друштвото на вашите соработници, бидете за нијанса поинакви и доволно храбри да се соочите со нивните барања. Забележувате дека често ви недостасува емоционална поддршка, но не сакате гласно да барате нечие внимание или присуство.

Лав

Вашето однесување на некој од вашето деловно опкружување му делува прилично сомнително. Покажете ентузијазам дека сте спремни за да ги разјасните сите дилеми. Недоразбирањето може да кулминира на ваша штета, затоа внимавајте на кого или што ветувате. Не бидете груби или неправедни кон личност која го почитува вашето искрено разбирање. Нема потреба да си играте со нечии чувства

Девица

Прифатете нови идеи со намера да ги проширите вашите хоризонти. Некој ве насочува кон креативно изразување и правилно дејствување. Покажете дека имате доволно доверба во блиските соработници и меѓусебен договор. Обрнете внимание на личноста која ве гледа со љубовен поглед или со топла насмевка. Време е да почнете да ѝ верувате на вашата интуиција.

Вага

Ве очекуваат различни проблеми во комуникацијата со деловните партнери. Некој се обидува да ве убеди во двоите добри намери, но јасно ви е дека работите изгледаат поинаку од она што го слушате. Обидете се подобро да разберете нечија „емоционална слабост“ или недостаток на храброст да одговори на сите ваши потреби кои периодично се зголемуваат. Бидете потолерантни и трпеливи.

Скорпија

Изгледате незадоволни од нечие однесување од вашето деловно опкружување. Најлесно е да ја префрлите вината на другите, но на тој начин нема да ги решите вашите основни проблеми. Ако немате причина да се соочите со саканата личност, оставете ги работите да си тргнат по својот природен тек. Особено ако почувствувате добар исход.

Стрелец

Понекогаш претерувате во вашата љубопитност или потреба да се вклучите во нечии деловни планови – држете професионална дистанца. Не треба да одговарате на провокации или негативни коментари. Смислете „план“ за помирување со саканата личност. Понекогаш грешките во љубовниот живот скапо се плаќаат. Не прекинувајте ги емотивните нишки што ве поврзуваат.

Јарец

Ако се грижите за подобрување на односите со соработниците, прифатете нечиј совет и променете ја првобитната стратегија. Сè што е добро може да биде и подобро, под услов да продолжите со побрзо темпо или да надминете некои субјективни граници. Уживате во емотивниот занес или среќа што ја чувствувате за некоја личност.

Водолија

Рано е да очекувате некои конкретни промени во вашето деловно опкружување или да се занимавате со големи инвестиции. Оставете им на другите да се натпреваруваат во прашања надвор од вашето знаење или професионално искуство. Не можете да игнорирате нечие присуство или пораката што ви ја испраќа. Посветете му малку внимание на партнерот.

Риби

Ако нечие однесување или присуство ве иритира, тогаш избегнувајте близок контакт со таа личност. Премногу авторитет или ароганција од ваша страна може да го искомплицира вашата деловна и финансиска состојба. На моменти изгледате загрижено или нерасположено. Се обидувате точно да предвидите нечија реакција или одговор, но нема да успеете во тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот