Директорот на „Фајзер“: Веројатно ќе треба да се вакцинираме против ковид и во наредните години

Вакцинација со „Фајзер“ вакцина / Фото: EPA-EFE/Liam McBurney / POOL

Директорот на фармацевтската компанија „Фајзер“, Бен Осборн рече дека веројатно ќе ни требаат засилувачки дози на вакцината против ковид-19 во наредните години, но сè уште не е познато дали тие ќе се администрираат на секои шест месеци или еднаш годишно.

Кога станува збор за омикрон сојот на коронавирусот, Озборн вели дека се уште се чекаат разни нови податоци за новиот вид на вирусот, не само од „Фајзер“ и „Бионтек“, туку и од владите и здравствените системи ширум светот.

– Мислам дека веќе имаме основни информации за вирусот, а знаењето за мутациите е многу добро документирано. Се уште ни требаат информации за три фактори – нивото на пренос на новата варијанта и дали ќе ја „измести” делтата, тогаш треба да го знаеме влијанието на омикронот врз хоспитализирањата и потенцијалната смрт при тешка болест, и трето, многу важно, информација за тоа колку е ефикасна вакцината во оваа варијанта, рече Осборн.

Тој додаде дека во неделите што следат ќе има повеќе податоци за сите три фактори, „што ќе резултира со одлуки што ќе ги донесат ‘Фајзер’, но и владите ширум светот”.

– Можам да кажам дека сме подготвени. Доколку ни треба нова вакцина, можеме да ја развиеме и произведеме во големи количини. Но, во меѓувреме најважно е сите возрасни да добијат бустер доза, истакна Осборн.

Запрашан колку долго на луѓето ќе им требаат дополнителни (засилувачи) дози, тој рече дека е „многу тешко да се предвиди на долг рок, со оглед на тоа што никој не може со сигурност да предвиди како ќе се развие вирусот во иднина”.

– Според досегашните научни сознанија, веројатно ќе ни треба одредено ниво на ревакцинација на возрасната популација во наредните години. За жал, не знаеме дали тоа ќе биде ревакцинација на секои шест месеци или секоја година, како што правиме во случајот со вакцинација против различни видови на грип, рече Осборн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот