Директорката на Групер нова министерка за финансии?

Владиниот кабинет ќе претрпи измени со назначувањето министерка за финансии. На чело на ова министерство, како што неофицијално дознава Алсат, во трката меѓу трите жена, Нина Ангеловска, Татјана Штерјова и гувернерката Анита Бежовска Ангеловска, предводи Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата Групер. Од разрешувањето на Драган Тевдовски во јуни, со Министерството за финансии управува заменик-министерката Ширет Елези, а политиките во овој ресор ги води премиерот Зоран Заев. Заев првично предложи тој да биде и министер за финансии, но од Антикорупциската комисија излегоа со мислење дека тој нема право биде и премиер и министер.

Исто така, како што дознава Алсат, од фунцијата заменик министер за економија ќе се повлече Кире Наумов. Тој заминува на друга позиција во Македонската Банка за подршка на развој, а на негово место, во ресорот што го предводи Крешник Бектеши доаѓа една од кандидатките кои се споменуваат за финансии.

Прочитајте и...  Министрите за одбрана на САД и Јужна Кореја денеска на состанок

Последната реконструкција на Владата беше направена во јуни. Тогаш Садула Дураку, од министер за екологија, беше назначен за министер за политички систем и односи меѓу заедниците, додека Насер Нуредини го презеде ресорот екологија, Хисни Исмаили беше назначен за министер за култура, Трајан Димковски за земјоделство и Горан Милевски за локална самоуправа.

Прочитај повеќе

ЕК ги осудија антисемитските маски на карневалот во Белгија

Слободен печат

Брнабиќ: Приоритет е иницијативата мини Шенген и инфраструктурното поврзување на регионот

МИА

Милошоски утре ќе треба да ги предаде снимките што ги објави вчера

Дендиас без коментар за непочитувањето на Преспанскиот договор

Либискиот премиер: Калифа Хафтар е воен злосторник

Слободен печат

Димковски: Исплатени 607 милиони денари субвенции за сточарите

Слободен печат

Остави Коментар

единаесет + Шестнаесет =

Прочитај повеќе

„ТЕ-ТО“ дематира: Лага е дека сме профитабилна компанија, која остварува милионски добивки

Слободен печат

Гутереш го претстави глобалниот акциски план за човековите права

Слободен печат

Резултатите покажуваат дека во Косово нема случај на заразени од коронавирус

Слободен печат

Поради трагедијата во Романовце утре прогласен ден на жалост во Куманово

Слободен печат

Колку реално партиите можат да добијат двотретинско мнозинство?

СЗО ВО БОРБА ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ: Лажните вести се шират побрзо и поедноставно од вирусите, и се исто толку опасни

Слободен печат