Димковски: Усогласување на фитоконтролите на готови производи со Албанија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со државниот секретар на МЗШВ, Нефрус Челику,  денеска во Тирана, Република Албанија, одржаа работен состанок со албанскиот министер за земјоделство и рурален развој Бледи Чучи.

На состанокот, министрите разговараа за започнатите заеднички проекти како и за унапредување на  трговската размена и можностите за дополнителна билатерална соработка.

На состанокот се заклучи дека нема проблеми во однос на протокот на растителни пратки на граничните премини помеѓу двете држави којшто се  одвива според утврдената постапка согласно националните прописи на двете земји.

Како идни области за соработка министерите ги посочија размената на  националните прописи и усогласување на листи на штетни организми, растенија, растителни производи, взаемно признавање на лабораториските анализи од акредитирани/овластени фитосанитарни лаборатории, усогласување на фито-контролите на готови производи и поголема флексибилност во делот на извоз и увоз на добиток.

Воедно, се заклучи дека е потребна изработка на планови за итни мерки во случаи на откривање на карантински штетни организми и размена на искуства, информации и знаења помеѓу надлежните органи од фитосанитарната област на двете страни. Министерот Димковски, на состанокот посочи дека доколку е согласна албанската страна може да се иницира подготовка на Спогодба помеѓу надлежните служби од двете земји за фитосанитарна соработка.

Министрите Димковски и Чучи се договорија да се интензивира соработката на формираната работна група од двете министерства и заеднички да се работи на системска контрола од двете држави во самото менаџирање со рибниот фонд во Охридското и Преспанското езеро.

Инаку, на почетокот на месец март 2019 година беше инициран пилот проект во рамките на CEFTA, чијашто цел беше следење на инспекциските процедури на граничните премини помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија при што беа избрани пет видови на земјоделски производи кои најчесто се предмет на трговија помеѓу двете држави. Проектот е проширен и за другите земји членки на CEFTA и документот е во финална фаза. По неговото усогласување, истиот ќе се одобри од страна на сите земји членки на CEFTA.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот