Димитров за Бугарија: Нема да се караме со нив, нема да фрламе камења

Мислиме дека ни должат разбирање за нашето достоинство и македонскиот идентитет и на тие линии ќе продолжиме да работиме така како што досега работевме. Нема да се караме со нив, нема да фрламе камења, посочи вечерва вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

– Без разлика на нашата домашната политичка дебата, можеби и да изгубиме поени дома и тоа е океј, но истовремено не може по секоја цена да одиме по патот кон кој сме тргнале, рече Димитров во „Само интервју” на Канал 5.

Во однос на македонското малцинство во Бугарија, Димитров рече дека не се мешаме во внатрешните работи ниту на Бугарија ниту на другите соседи.

– Нашата политика и европската политика ако ја земеме предивид Рамковната конвенција за заштита на малцинства на Совет на Европа, Европската конвенција за човекови права во овој дел, дали малцинство постои или не, не е прашање на политичка декларација или став на една држава. Тоа е внатрешно прашање. Не се мешаме. Прашањето дали група луѓе се малцинство или не, се прашања за тие луѓе, тоа е нивно право на самоизјаснување. На тој начин ние би се мешале ако имаме став во однос на тоа прашање. Тоа е нивна работа. Тоа се нивни граѓани, рече Димитров.

Во однос на прашањето за Гоце Делчев, Димитров рече дека тоа мора да го решат историчарите.

– Ова мора да е оставено на дебати, на Комисијата, нека има и научни конференции. Единствениот пат кон зближување на двете држави е преку блискост, поддршка, почит. Многу е важно да мислат како е да си во нашите чевли, додаде Димитров.

Димитров: Блокадата од Бугарија не е помагање, резервите кон македонскиот јазик се отров за билатералните односи

За него е прифатлив и предлогот на претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнамер, германски експерти да се вклучат како олеснувачи во македонско-бугарската комисија, особено околу методологија на работа.  Отворањето на преговорите со Северна Македонија ќе биде или заеднички успех или заеднички неуспех за Брисел, Софија и Скопје, смета вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Димитров кажа дека е многу битно каква порака ЕУ ќе се испрати до целиот регион.

– Каква пораката се испраќа за целиот Балкан ако во март има одлука за преговори, а до декември ништо не се случи. Довербата во зборот на ЕУ ќе се истенчи уште повеќе. Тоа не е добра порака до нашите соседи. Ако се видат сите извештаи факт е дека ние со сите наши мани, во очите на ЕУ има надеж дека нашево ќе успеее дека ние ќе се реформраме и ќе станеме европска држава. Така не гледаат во многу земји членки, рече Димитров.

Во тоа, нагласи, инвестираше и самата Бугарија, особено кога претседаваше со ЕУ, што е потврдено и во многу говори на премиерот Бојко Борисов и на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева кога ги убедуваа другите членки дека треба да се даде зелено светло за преговори.

Димитров вели дека Германија интензивно работи да се најде решеие и за време на германското претседателство со ЕУ, Северна Македонија да ги почне преговорите.

– Треба да најдеме европски решенија, мора да одиме кон Еворпа со европски решенија. Ова не е последен КОРЕПЕР, ќе видиме што ќе се случи во наредните денови. С Македонија е целосно посветана на евроинтеграцијата и на Договорот за пријателство, додаде Димитров.

Прашан дали договорите со Бугарија и Грција и носат подобра иднина на државата и дали е исправно што учевствувал во нивното потпишување, рече дека смета оти со неговата улога во нивното склучување ќе остане на светлата страна на историјата.

-Нашите големи сојузници и стратешки партнери ја препознаваат нашата политика на пријателство и соработка. Ние немаме друг пат освен овој по кој се движиме, затоа и понатаму сметам дека сум на вистинската страна на историјата, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров.

Димитров: За македонскиот јазик и за македонскиот идентитет не може и нема да се разговара

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот