Димитров: Блокадата од Бугарија не е помагање, резервите кон македонскиот јазик се отров за билатералните односи

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Бугарската блокада не е помагање, туку напротив. Инсистирањето на Бугарија на резервите кон македонскиот јазик е отров за билатералните односи, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во вечерашното гостување на „Само вистина” на Канал 5, коментирајќи ја блокадата од Софија на усвојувањето на преговарачката рамка на Европската Унија (ЕУ) со Северна Македонија.

– Резервата на Софија кон јазикот е инвестиција во лоши односи. Ако Софија не сака да ја тргне таа резерва, може да ја задржи како бугарска позиција, но тоа не е добро и не е прашање на политиката и државата, туку на науката. Нашиот јазик е македонски за нас, за ОН и за ЕУ. Тоа е наведено и во нацрт декларацијата на ЕК, а така треба да биде и во Рамката за преговори, рече Димитров.

Тој смета дека решение, сепак, може да се најде со поголемо меѓусебно почитување.

– Ова или ќе биде заеднички успех или заеднички неуспех, затоа што не е само македонскиот влог во оваа приказна. Има и силен европски влог, а многу е важно и за соседна Бугарија што ќе се случува, вели Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот