Димитров: Врвна амбиција на ВМРО-ДПМНЕ е да избегне правда низ административните и судски лавиринти
Големи чекори се направија во законодавството, тоа го зборува и ЕК тоа го зборува и Венецијанската Комисија, тоа го зборува и извештајот на ЕК меѓудругото, меѓутоа не е доволно. Мислам дека со нашите предлози и во однос на имотната состојба на судии, на јавни обвинители што е нешто што треба да се направи и во однос на другите мерки ние мора одговорноста на правосудниот систем да ја ставиме на пиедестал, посочи Никола Димитров, носителот на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме”.
Тој, во „Отворено студио” на ТВ24, истакна дека правдата не е барање одговорност во другите политички редови, правда е, како што посочи, кога е неселектива и нема нашите, вашите.
– Меѓутоа мислам дека главниот проблем зошто не сме позадоволни во оваа област е токму што од друга страна имавме една политичка сила со луѓе и низ администрацијата и низ судовите кои што врвна амбиција им беше да нема правда односно да се бега, рече Димитров.