Димитров од Брисел: 120 милиони евра помош од ЕУ за Северна Македонија

Фото: МИА

По средбата со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, како и со неговиот тим, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, најави дека во наредните денови треба да пристигнат 120 милиони евра помош за Северна Македонија од ЕУ.

-Врз основа на финансискиот договор потпишан кон крајот на минатата недела ќе стигне сума од 40 милиони евра директна буџетска поддршка, а овие денови и транша од макрофинанскиот пакет во износ од 80 милиони евра, изјави Димитров.

Вицепремиерот бил „детално информиран” од страна на Европската комисија за најавениот Економски и инвестициски план кој треба да се објави на почетокот на идниот месец.

Ќе мораме да се стрпиме бидејќи сѐ уште трае процесот на консултации, некаде на почетокот на октомври ќе биде објавен но очигледно пред нас е голема шанса за инфраструктурно поврзување, за зелена агенда, за економски развој на нашата татковина како и на регионот, рече вицепремиерот.

Тој се осврна и на почетокот на преговорите со ЕУ, што Северна Македонија го очекува до крајот на оваа година. За ова разговарал со еврокомесарот Вархеји, кому му се заблагодарил за предлог преговарачката рамка, што Димитров ја смета за квалитетна.

-Се заблагодарив за неговата и улогата на неговиот тим во однос на новата методологија што го овозможи зеленото светло за политичката одлука да се почне со пристапните преговори, од март годинава. Но и за нивниот дел од работата за преговарачката рамка. Да не заборавиме дека Комисијата излезе со еден добар нацрт, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања.

Преговарачката рамка се дискутира на техничко ниво во ЕУ за сега каде земјите членки ги пеглаат своите разлики, посебно во однос на барањата кои пристигнуваат од Софија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот