Димитров на Економски форум во Белград

Никола Димитров / фото: МИА

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе учествува на 21-от Економски форум во Белград како говорник на панелот: „ЕУ – Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“

– Димитров и претставниците на ЕУ, земјите членки, Европскиот парламент и тинк-тенк секторот ќе се осврнат на актуелните прашања во врска со односите ЕУ – Западен Балкан и европските перспективи во контекст на претстојниот октомвриски Самит во рамки на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Настанот се одржува во соработка со Делфи економскиот форум, на кој Димитров учествуваше во мај годинава, како продолжение на дискусијата за политичка и економска соработка меѓу земјите во регионот и процесот на нивното интегрирање во Унијата.

Извор: МИА

Димитров: Ниту една земја не може да ни каже или диктира кој е нашиот идентитет и кој јазик го зборуваме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот