Димитријевиќ: Имавме одлично прво полувреме, a во второто снемавме енергија и нè притиснаа

фото: kfsm.mk

Иако водеше по првото полувреме, македонската кошаркарска сениорска репрезентација во вториот дел не ја задржа предноста, на крајот загуби од Естонија во првото коло од квалификациите за Евробаскет 2025.

Нашиот селектор Александар Јончевски ги сподели импресиите на прес-конференцијата по мечот:

– Имавме одлично прво полувреме, отворивме многу добро, го контролиравме мечот, но на стартот од вториот дел, во третата четвртина противникот ја презеде предноста со цврста одбрана. Нивните промашени шутеви ги надополнуваа со офанзивни скокови и постигнуваа лесно во нашиот кош. Им реков на момците дека имаше енергија и одговорија многу добро на ваков тежок меч. Го одржавме активен резултатот, минус пет поени, тоа ни дава надеж за пласман на Европското првенство – рече Јончевски.

Наш најефикасен стрелец на мечот беше Ненад Димитријевиќ со 25 поени и кој воедно прв пат сезонава почувствува силен грч.

– Тежок натпревар, знаевме дека ќе се соочиме со добра естонска репрезентација, ги знаевме нивните квалитети, дека ќе трчаат. Мислам дека одигравме одлично прво полувреме, потоа во вториот дел снемавме „гас“, снемавме енергија, и нè притиснаа. Пораз од пет разлика, ни следуваат и други важни натпревари, треба да бидеме подготвени. Ќе одиме на победа против Полска – беа зборовите на Димитријевиќ.

Нова шанса за прв триумф во овие квалификации ќе ја бараме на 26 февруари на гостински терен во Сосновиец против Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот